Аудио kylie_minogue

18 февруари, 2014

Преслушајте го новиот албум на Кајли Миног

Точно месец дена пред објавувањето на новиот албум „Kiss Me Once“ најавен за 18-ти март, Кајли Миног денеска ги израдува нејзините фанови со тоа што објави делови од сите 11 нови песни, вклучувајќи ги и веќе објавените „Into The Bluе“ и дуетот со колегата Енрике Иглесијас, темата „Beautiful“. Новиот албум ќе го наследи изданието „Aphrodite“ од 2010 година, кое го означи нејзиното враќање на сцената по борбата со рак на дојката. На тој албум Кајли соработуваше со Џејк Шиарс од Сизор Систерс и Келвин Харис, а изданието дебитираше на првото место на официјалната британска листа.

Потоа, пејачката објави неколку компилации кои беа дел од одбележувањето на 25 години кариера, како и изданието „The Abbey Road Sessions“ – збирка од оркестарски преработки на нејзините најпознати песни. Минатата година Миног се раздели со нејзиниот долгогодишен менаџер Тери Бламлеј, а потоа „влезе“ во семејството на Џеј Зи, односно етикетата Roc Nation. Се претпоставува дека со овој потег Кајли конечно сака да го освои и американскиот пазар на кој досега била помалку успешна за разлика од родната Австралија или Велика Британија.

Делови од новите песни можете да слушнете во продолжение, а списокот со наслови стои во продолжение.

 

 

  1. Into The Blue
  2. Million Miles
  3. I Was Gonna Cancel
  4. Sexy Love
  5. Sexercise
  6. Feels So Good
  7. If Only
  8. Les Sex
  9. Kiss Me Once
  10. Beautiful
  11. Fine


Врати се горе ↑