Аудио 208782_10151285004627330_1191071008_n

5 август, 2013

Преслушајте го новиот албум на Џибони

Хрватскиот музичар Златан Стипишиќ, познат како Џибони го сними својот прв албум на англиски јазик кој го спонзорираше хрватскиот ЗАМП. На изданието насловено „20th Century Man“ се најдоа 8 потполно нови авторски песни и две обработки на песни од последниот албум „Toleranca“.

Албумот го продуцираше познатиот британски продуцент Енди Рајт, кој потпишува изданија на изведувачи како што се Симпли Ред, Масив Атак, Ени Ленокс и Јуритмикс, Лучијано Павароти, Џана Нанини, Бон Џови, Шинед О’Конор, а соработуваше и со нашиот Тоше Проески. Изданието е веќе објавено во Чешка, Унгарија, Полска, Австрија, Италија, Германија и Швајцарија, како и во Словенија и Хрватска, а наскоро се очекува да се појави и во остатокот од Европа.

Меѓу фаворитите на публиката која одлично го прифати овој албум на англиски јазик, се истакнуваат најавниот сингл „Ain’t Bad Enough For R’n’R“, насловната „20th Century Man“, потоа „Kids In Uniform“, баладите „Hide The Mirror“ и „Broken Finger“, а секако и песната која го отвора ова издание – „Hey Crow“, за која беше претставен и видео запис во режија на долгогодишниот соработник на Џибони,  Зденко Башиќ.

Сите 10 песни од албумот можете да ги преслушате на сервисот Deezer, а интересните видео записи за темите „Hey Crow“ и „Broken Finger“ во режија на Зденко Башиќ можете да ги погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑