Аудио avicii_true_albumcover_artist_ARIA_130913_640x360

15 септември, 2013

Преслушајте го новиот албум на Авичи

Сè попопуларниот шведски диџеј и продуцент Авичи, чие вистинско име е Тим Берглинг (24), деновиве ќе го објави својот деби албум насловен „True“, на кој се најдоа 10 теми меѓу кои и хит синглот „Wake Me Up“, во кој гостува Алое Блек и кој го собори рекордот на британската сингл листа, како и темата „You Make Me“ во која гостува шведскиот музичар со сириско потекло Салем Ал Факир и која ќе биде издадена како втор официјален сингл од ова издание.

На овој албум се наоѓаат и соработките со американскиот пејач Адам Ламберт и легендарниот Најл Роџерс, кои гостуваат во песната „Lay Me Down“, како и соработките со кантри музичарот Мек Дејвис, Мајк Ајнзингер од американскиот рок бенд Инкјубус, Ден Рејнолдс од Имеџин Дрегонс и Ден Тимински од бендот Алисон Краус енд Јунион Стејшн. Сите песни (освен „Lay Me Down“) во скратена верзија од околу минута и половина деновиве беа поставени на официјалниот VEVO канал на Авичи, а Вие можете да ги преслушате во продолжение.

 

Целосна верзија од „Lay Me Down“ во соработка со Адам Ламберт и Најл Роџерс можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑