Свет article_big_1354712265121204-atoms-for-peace

19 февруари, 2013

Преслушајте го новиот албум на „Атомите за мир“

Атомс фор пис (Atoms For Peace) – проект кој го започнаа Том Јорк, продуцентот Најџеј Годрич, Фли од Ред Хот Чили Пеперс и Мауро Рефоско – официјално овозможи стриминг на нивниот деби албум непосредно пред неговото објавување на 25-ти февруари.

Јорк и Годрич неодамна одговараа на прашања на порталот Reddit, во рамките на нивната сесија „Ask Me Anything“. Во таа прилика работата во Атомите за мир ја споредија како „уживање во сладолед по фина вечера“ во однос со работата во Рејдиохед. Јорк и Годрич додале дека не беа изненадени од тоа што албумот веќе „протече“ на интернет. Годрич веројатно на шега рекол дека Рејдиохед имаат веќе „50 готови песни“, како и тоа дека „му се допаѓаат сите 50“.

Јорк говорел и за сесиите кои Рејдиохед ги одржа во студиото на Џек Вајт во Нешвил, велејќи дека снимиле две песни, вклучувајќи ја и студиската верзија на песната „Identikit“, но дека ниту една не е подготвена за објавување. Јорк објаснил дека кога пишува песни, тешко му е да одреди која ќе биде за Рејдиохед, а која за Атомите за мир: „Тоа е сиво подрачје. И станува сè посиво.“

Албумот можете да го преслушате на следната адреса: widgets.xlrecordings.com/amok/

Извор: NME/MTV



Врати се горе ↑