Аудио mad_decent_a_very_ecent_christmas

7 декември, 2013

Преслушајте го божиќниот микс на издавачката куќа „Mad Decent“

Насловот на песната кој гласи „Turn Up Ye Merry Gentleman“ веќе доволно кажува за себе, а токму со таа тема која ја направија Џент&Џонс започнува компилацијата насловена „A Very Decent Christmas“, нов празничен сет од 8 песни кои ги објави издавачката куќа „Mad Decent“, чиј сопственик е познатиот американски музички продуцент Томас Весли Пенц, попознат како Дипло, кој воедно е и еден од основачите, а сега и еден од трите членови на електро составот Мејџор Лејзер.

Сите уметници направија преработки на песни кои го отсликуваат духот на овој празник, но на еден малку поинаков, нетрадиционален начин, кој всушност ја отсликува и продуцентската филозофија која Дипло ја промовира од самиот почеток на неговата кариера. Во продолжение уживајте со овој празничен микс!

 



Врати се горе ↑