Аудио 1003216_659799124061226_826330226_n

17 февруари, 2014

Преслушајте дел од новиот албум на Каролина

Како што се наближуваат термините за петте концерти во чии рамки Каролина ќе го претстави материјалот од новиот албум „Македонско девојче 2“, Авалон продукција деновиве ја загреа атмосферата со шестминутно видео во кое можат да се слушнат делови од новите песни, меѓу кои и првите два сингла „Чалгиска“ и „Две лири (Не ни било пишано)“.

Првите два концерта се веќе комплетно распродадени, а влезниците за останатите три по цена од 600 денари кои вклучуваат и лукзусно дигипак издание може да се набават преку билет сервисот Купи карти за сè. Во слободна продажба албумот „Македонско девојче 2” ќе може да се најде од 25-ти февруари.

 



Врати се горе ↑