Аудио presing7

8 ноември, 2012

Пресинг наскоро со видео запис за новиот сингл

Белградскиот алтернативен рок бенд Пресинг во моментот работи на нивниот нов четврти студиски албум, кој во месец октомври го најавија со синглот „Звона се уклапају сунцем“. Снимањето на албумот започна при крајот на септември во белградското студио Добро поље, а до крајот на годината ќе биде објавен прво ЕП, додека целокупниот албум ќе излезе на пролет следната година.

За најавниот сингл „Звона се уклапају сунцем“ ќе се изработи видео запис кој ќе биде промовиран кон средината на овој месец.



Врати се горе ↑