Галерија

8 август, 2017

Преполно Скопско кале и одлична забава на првиот фестивалски ден на „Пиволенд 2017“

Преполно Скопско кале, многу странски гости, но и домашни посетители кои се забавуваа до доцна во ноќта, вака започна годинешното, јубилејно издание на „Пиволенд“, кое ќе трае сè до 12 август.

pivolend12

Фестивалот го отворија „Бенд ОФ“ со рок свирка, а по нив настапија „Чил плеј“ и диџеј Иноматик. Пејачката Нина Јанева и бендот „2 Егзит“ беа следни, а за крај со електронска музика посетителите ги разигра диџеј Крис.

pivolend18

Иако бевме скептични во поглед на посетеноста бидејќи е понеделник и прв работен ден во неделата, сепак Скопската тврдина беше исполнета до последно место.

pivolend11

Вечерва на „Пиволенд“ први ќе настапат „Саут парк“, а потоа од 20.45 е организирано групно гледање на натпреварот од УЕФА Супер Купот. По завршување на дуелот Реал Мадрид- Манчестер Јунајтед, ќе настапи македонското дуо „Шајн“, во кое членува најдобриот македонски гитарист Дамјан Пејчиновски.



Врати се горе ↑