Галерија

8 септември, 2018

Пренџова на слем-фестивал во Словенија

Во Словенија, од 28 август до 5 септември се одржа првото издание на слем-фестивалот „Изрекања – Фестивал на поезијата во Цеље“, на кој учествуваше македонската слемерка и поетеса Елена Пренџова.

Фестивалот се одржа во два словенечки града, Цеље и Љубљана. Во Цеље се одржаа три вечери од фестивалот: вечер на 12 истакнати словенечкипоетски имиња и концерт на Горан Бојчевски трио – македонски музичар кој живее и работи во Словенија; вечер на слем-поезија на која настапуваа словенечката слем-група „Слемерчине“, како и странските гости на фестивалот: Марк Кели Смит од САД, таткото на слемот, Милан Мијатовиќ и Синиша Рудан од Србија, Симоне Савоџин од Италија, и Елена Пренџова од Македонија и вечер на словенечкиот национален шампионат во слемпоезија на кој победи слемерката и новинарка Нежа Прах Сеничар. Прах Сеничар ќе ја претставува Словенија на Европскиот слем-шампионат кој оваа година ќе се одржи во Будимпешта.

Горан Бојчевски

Во Љубљана се одржа тркалезна маса на која се разговараше за односот помеѓу слем-сцената и академската книжевната сцена во поранешна Југославија на која учествуваа српскиот слемер Мијатовиќхрватскиот слемер Синиша Матасовиќ, словенечката слемерка и некокукратна слем-шампионка Нина Медвед и нашата Пренџова. На завршната слем-вечер, покрај странските гости, се претстави и најпознатиот словенечки рапер Тркај, двократен победник во слободните рап-битки и дипломиран теолог кој рапуваше стихови од познатиот словенечки поет Франце Прешерн.

На дневната програма беше предвиден мастерклас со Кели Смитчовекот кој уште од осумдесеттите години на минатиот век настапува во клубовите и кој се смета за таткото на слемот и перформативната поезија. На мастеркласот се работеа техники на интерпретавција на поезија во групи и парови.

Организатори на настаните се фестивалот „Изрекања – Фестивал на поезијата во Цеље“ и Културното уметничко друштво Поезис“ од Љубљана, т.е. Кристијан Кожељ и Петер Семолиќ. Партнери на фестивалот се амбасадата на САД во Словенија и градот Љубљана.



Врати се горе ↑