Настани relive fest

16 април, 2013

Премиерно: „Рилајв“ Фестивал во Тетово

За прв пат во Тетово се одржува „Рилајв“ Фестивалот кој e создаден од заедничка желба при обединување на три тетовски кафулиња: Аменезија, Медисон и Републик, како и генералниот покровител Хајнекен. Покрај домашните артисти Александар Галоски – Пилот, Марга Сол, Дени Бечич, Оливер Петковски, како главна ѕвезда и гостин на вечерта е реномираниот диџеј Хуан Алварез, ветеранот на електронска музичка сцена.

Својата музичка кариера Алварез ја започна уште во 1994 година. Тој е резидент диџеј во еден од најуспешните ноќни клубови „Јалта“ од Софија (рангиран во топ 12 клубови во светот според Диџеј магазин 2012). Во текот на годините Хуан го обликува својот уникатен музички стил и е на една сцена со Дени Хауелс, Дени Тенаглија, Дејвид Гета, Марк Најт, Марко Карола, Метју Дикеј, Пит Тонг, Ричи Хаутин, Саша, Тиесто и многу повеќе. Фестивалот ќе се одржи на 20-ти април во Спортската сала на Спортскиот Центар во Тетово а влезниците ќе чинат 150 ден до 23 часот, а потоа 200 денари.



Врати се горе ↑