Настани

24 февруари, 2017

Премиерна изведба на претставата „Девојчето и дванаесетте месеци”

Во сабота, 25.02.2017 година, во 19.00 часот, во Домот на културата во Вевчани ќе се одржи премиерна изведба на претставата „Девојчето и дванаесетте месеци“ во изведба на патувачкиот театар „Поклони се и падни“.

Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ работи во рамките на здружението – КУД „Дримкол“ од Вевчани, кој успешно работи и зад себе има реализирано многу бројни претстави.

Словачката народна приказна е работена според адаптираното сценарио на Љубица Баткоска, а е во режија на Душко Кукоски.

Улогите ги толкуваат:

Маре – Ева Костојчиноска,

Таткото – Душко Кукоски,

Маќеата – Даниела Маретиќ,

Злата – Александра Плушкоска,

Јануарко – Душко Кукоски,

Февруарко – Елизабета Шекуткоск,

Баба Марта – Наташа Кукоска.

Останатите месеци се членови на фолклорниот ансамбл при КУД „Дримкол“.

16910966_1383232795030566_354728847_o



Врати се горе ↑