Македонија

4 март, 2019

Премиерата на евровизиската песна на 8 март

Наместо денеска, премиерата на евровизиската песна „Proud“, со која Тамара Тодевска ќе нè претставува на „Евровизија 2019“, ќе биде в петок, на 8 март, во централниот дневник на МРТ1 во 19.30 часот. Веста ја сподели и пејачката со кусо видео на Инстаграм.

View this post on Instagram

08.03. #proud #teamtamara #eurovision2019 ❣️

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Имено, првично закажаната премиера требаше да се случи денеска, но имајќи ја предвид самата тема на песната, уште посоодветно е истата да биде претставена токму на Меѓународниот ден на жената. Како што најави Тамара, во Тел Авив ќе пее за ќерка си Хана, а на сите жени ќе им порача да бидат горди на себе!

Како што е познато, авторскиот тим на „Proud“ го сочинуваат хитмејкерите Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, кои веќе имаат богато евровизиско искуство зад себе, а стиховите ги напиша познатиот писател Коста Петров. Што сработила оваа екипа ќе дознаеме на 8 март.



Врати се горе ↑