Македонија dzgan mk film (4)

23 март, 2016

Премиера на новиот македонски филм „ЏГАН”

Низа од свирепи околности претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив постои само едно, заедничко име – ЏГАН.

„ЏГАН“ е дебитантскиот игран филм на режисерот Вардан Тозија. Својата премиера филмот ќе ја има на 30.03.2016 во градското кино „Милениум“ во Скопје, а потоа ќе го продолжи својот прикажувачки живот низ кино-салите ширум Македонија.

dzgan mk film (3)

Македонски продуцент на филмот е „Дрим фектори“ (Dream Factory), ко-продуцент на филмот е „Ред хеликоптер филмс“ (Red Helicopter Films) од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и филмската мрежа СЕЕ (SEE Cinema network).

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Саша Чиникиќ, Ристо Буразденов и Мартин Живковски.

dzgan mk film (2)

Поведен од слоганот на филмот дека „Никој не е роден насилен“, Вардан Тозија го изработи и сценариото, дизајнот на шминката и маските ги изработи Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на звук е Игор Поповски, музиката ја работеше Александар Пејовски, сценографијата е дело на Кирил Спасески и Наташа Димитриевска, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер е Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работеше Кирјана Николовска, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

dzgan mk film (1)

Македонската публиката филмот „ЏГАН“ ќе може да го гледа секој ден почнувајќи од наредниот четврток (31 март) во кината во Скопје и низ цела Македонија.

ЏГАН ПОСТЕР.jpg



Врати се горе ↑