Свет 120810074518-spice-girls-2012-horizontal-large-gallery

12 декември, 2012

Премиера на мјузиклот за Спајс Грлс

Членките на британската поп група Спајс Грлс повторно се собраа во Лондон на светската премиера на мјузиклот кој е работен по нивните хитови, насловен „Вива форевер!“, кој го напиша Џенифер Сондерс. Приказната е за бенд составен од млади девојки кои бараат слава на реално шоу. По премиерата, „зачинетите“ девојки се појавиле на сцената каде што Мел Си се заблагодарила на прекрасната екипа велејќи дека одлично го изработиле овој проект.

Иако Спорти Спајс (Мелани Чисолм), Скери Спајс (Мелани Браун), Бејби Спајс (Ема Бантон), Пош Спајс (Викторија Бекам) и Џинџер Спајс (Гери Холивел) не се појавуваат како ликови, заплетот во кој четирите пријателки чија врска е ставена во искушение заради славата, потполно е во склад со приказната за Спајс Грлс, пренесуваат британските медиуми.

Бендот преку ноќ стана славен со објавувањето на големиот хит „Wannabe“ во 1996 година, но по две години Гери Холивел го напушти бендот. Девојките повторно се собраа во 2007 година кога тргнаа на повратничка турнеја.

 



Врати се горе ↑