Македонија kaliopi

16 февруари, 2016

Премиера на евровизиската песна на 7 март

Песната со која Калиопи ќе нè претставува на „Евровизија 2016“ во Скокхолм, ќе го носи насловот „Дона“, а премиерно ќе можеме да ја слушнеме на 7 март во 20.15 часот на МРТ1, пишува во соопштението на македонската евровизиска фан страница на Фејсбук.

Веста ја сподели и самата Калиопи, објавувајќи ја оваа фотографија:

Како што е познато, Калиопи и за оваа песна соработуваше со долгогодишниот соработник Ромео Грил, па не се сомневаме дека станува збор за уште еден хит! На претстојното, 61. по ред издание на популарниот европски фестивал, пејачката ќе настапи во рамките на втората полуфинална вечер, која ќе се одржи на 12 мај, а се надеваме дека ќе го повтори успехот од 2012 година, па ќе ја видиме и во големото финале на 14 мај.

Извор и фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑