Настани

24 август, 2017

Премиера на документарецот „Со љубов“ и концерт на „Фолтин“ во Битола

Потенцијалниот македонски кандидат за Оскар, документарниот филм „Со љубов“ (Avec l’amour) стигна во Македонија. Имено, ова остварување на Илија Цветковски (режија) и Атанас Георгиев (сценарио) веќе ги освои срцата на филмската публика ширум светот, а само пофални зборови доби и од познатиот холивудски режисер Стивен Спилберг, кој присуствуваше на првата премиера на филмскиот фестивал во Торонто. „Со љубов“ потоа беше прикажан и на филмскиот фестивал во Минхен, а деновиве беше дел и од фестивалот во Сараево, каде што ја освои третата награда.

Приказната за пензионираниот професор по биологија и страстен колекционер на стари автомобили, Дионис Палашков од Неготино, во Македонија беше премиерно прикажан во рамките на 8. издание на фестивалот „Македокс“, а веќе од утре ја започнува својата турнеја низ земјата. Првата проекција е закажана за утревечер, 25 август, во киното „Синеплекс“ во Скопје, на 31 август ќе има премиера во Битола, а на 2 септември ќе се прикажува во Неготино.

Битолската премиера што ќе се одржи во Центарот за култура – Битола, ќе биде дополнета и со концерт на групата „Фолтин“, која работеше на музиката за филмот. Во продолжение уживајте со темата за главниот лик „Дионис“!

И.Ј.



Врати се горе ↑