Балкан Gitarijada1

29 мај, 2013

Преку двесте пријави за „Гитаријадата“ во Заечар

Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Македонија и Бугарија се земјите од кои стигнаа пријави од демо бендови за учество во натпреварувачкиот дел од 47. „Гитаријада која ќе се одржи од 1-3 август во Заечар. Од вкупниот број на пријави, 180 се валидни, односно толку бендови ќе бидат во конкуренција за полуфинале.

Жири комисијата до крајот на јуни ќе избере дванаесет полуфиналисти кои покрај учеството во натпреварувачкиот дел и претставувањето пред повеќе илјади љубители на гитарската музика, ќе имаат можност да учествуваат и на Рок Академијата од 25-31 јули, исто така во Заечар.

Големиот интерес на изведувачите кои годинава не беа географски опфатени, ги наведе организаторите сериозно да размислат за следната година да ги отворат вратите за демо бендови од целиот свет. Во следните неколку седмици, организацискиот тим ќе започне со откривање на ревијалниот дел од програмата, кој би требало да го задоволи вкусот и на најпребирливите.

 



Врати се горе ↑