Македонија 13043813_522064458000897_3033169604394483353_n

8 јули, 2016

Преку 90 нови песни на 23. издание на „Охрид фест“

По едномесечни возбудувања завршува Европското првенство во фудбал, но затоа наскоро ќе започне новата магија која ќе ја понуди музиката на македонскиот „Сан Ремо“ – Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“. Фестивалот ќе се одржи на летната сцена Долни Сарај во Охрид од 22 до 25 август.

Во рамките на четирите фестивалски програми: „Чунга лунга“,„Фолк вечер“, „Поп вечер“ и „Интернационална програма“, љубителите на музиката ќе имаат можност да проследат преку 90 нови песни кои ќе ги исполнат македонски и балкански пејачки звезди. Со оглед на тоа што фестивалот директно ќе го пренесуваат десетина балкански телевизии, тоа ќе биде убава можност милионскиот аудиториум да се запознае со убавините на Охридското езеро и македонскиот мелос.

Подетални информации во врска со фестивалската програма, наградите и пејачите кои ќе учествуваат на фестивалот, како и името на позната европска група што ќе гостува на 23. издание на фестивалот „Охридски трубадури“, ќе бидат презентирани на прес конференцијата што ќе се одржи на 11 јули  (понеделник)  во 12.00 часот, во хотелот „Александар палас“ во Скопје.

 



Врати се горе ↑