Балкан takmicarki-pozlilo-na-bootcampu

24 април, 2015

Прекинато снимањето на „Х фактор“: Натпреварувачка се онесвестила на сцена

Катарина Симиќ, шармантната акушерка од Младеновац, која со својата аудиција и изведбата на „It’s Raining Men“ привлече големо внимание, не можела да го издржи притисокот од следната фаза на натпреварот, па се онесвестила на сцена, пренесува српската телевизија „Прва“. Снимањето веднаш било прекинато, а први на помош притрчале Жељко и Тончи.

Само во еден момент забележавме дека на Катарина не ѝ добро, се фати за глава и набрзо се онесвести. Продукцијата веднаш реагираше, сè се случи како гром од ведро небо“, изјавиле натпреварувачите. Талентираната девојка потоа морала да го напушти снимањето и да се премести во апартманот на студиото, каде што ѝ била укажана лекарска помош.

„Точно е дека ми се слоши на снимањето, но за среќа, сè помина добро“, потврдила Катарина.

Само за потсетување, жирито беше воодушевено од нејзината аудиција, а посебно Масимо, кој ѝ рече: „Не смееш да занемариш кога ќе те допре Универзумот, ти си извонреден талент. Отпеа сосема различно од оригиналот, фантастично.“ А дали имало изненадувања во следната фаза наречена „регрутен камп“, останува да видиме во следните неколку епизоди.

Извор и фотографии: Prva.rs



Врати се горе ↑