Настани 1483324_10202852122088451_486929669_n

12 декември, 2013

Предновогодишна хуманитарна забава во Хавана

ПеперминтТоксиколози, диџеите Нести (Nasty), Андреј и Бојан, како и нашиот претставник на спрскиот натпревар „Јас имам талент“ – Мартин Атанасовски – Буцо, ќе бидат дел од големата предновогодишна хуманитарна забава која ќе се одржи на 22-ри декември во клубот „Хавана“. Овој настан е организиран од Црвениот крст при Општина Кисела Вода, а сите собрани средства ќе бидат наменети за децата болни од полио и специјалното училиште „Златен Сремац“.

„Вашите 100 денари Вам ќе Ви донесат забавен и хуман крај на годината, а на оние најранливите насмевка за нов почеток. Секој заслужува да ја дочека Новата Година среќно! Хуманоста пред сè!“ – велат организаторите. Затоа не заборавајте, 22-ри декември (недела) со почеток од 21:30 часот во клубот „Хавана“!



Врати се горе ↑