Настани za-joce

23 декември, 2015

Предновогодишен хуманитарен базар за Јоце

Бидејќи новогодишните и божиќните празници се период кога подаруваме и ги правиме луѓето среќни, на 27 декември (недела) ќе имате уште една одлична можност токму ВИЕ да направите едно хумано дело и да развеселите цело семејство. Имено, на овој датум ќе се случи предновогодишен хуманитарен базар во кафулето „Ли“ (кај млечен ресторан), а парите собрани од продажбата ќе бидат донирани за последниот третман со матични клетки на Јоце Блажевски, кој боледува од церебрална парализа. Третманот треба да се случи наскоро во Русија, а за реализација на овој третман потребни се уште 3.000 евра.

Настанот започнува во 16.00 часот и ќе трае сè до полноќ. Сите оние кои не се во можност да присуствуваат, а сакаат да донираат, тоа може да го сторат на броевите:

ВИП: 077/ 143 314

ОНЕ: 075/ 143 401

ТЕЛЕКОМ: 070/ 143 109

со еден повик донирате 100 ден + 18% ддв



Врати се горе ↑