Настани

28 декември, 2017

Предновогодишен хепенинг „Размрдај го ГТЦ“

На 28, 29 и 30 декември ќе се одржи предновогодишен хепенинг под наслов „Размрдај го ГТЦ“, на кој ќе настапат некои од нашите најголеми музички уметници, како и млади бендови и диџеи. Посебен дел во секој од овие денови ќе биде посветен и на најмладите, за кои е подготвена специјална детска програма, со задолжителните дедомразовци и многу други изненадувања. Новогодинешните празници и еуфоријата која со себе ја носи овој период од годината, е идеален за почеток на креирање на свечениот празничен дух на ГТЦ.

Настанот ќе се одржи на две сцени (по една на двата влеза) и тоа: На влезот од кај плоштад Македонија ќе биде главната бина, додека на влезот кај Соравија е поставена диџеј-сцената. Водител на програмата ќе биде Нора Шаќири.

Распоред на програмата:

28.12. (четврток)
*Главна сцена:
– Детска програма (12-13ч)
– Бени и Нон Стоп (13-15ч)
– Рингтонс (15-17ч)
*диџеј-сцена:
– Мартин (Antenna5) (12-14.30ч)
– Вера Јанковиќ (14.30-17ч)

29.12.(петок)
*Главна сцена:
– Детска програма (12-13ч)
– ДНК (13-15ч)
– Теа и бенд (15-17ч)
*диџеј-сцена:
– Маци Стојановиќ (12-14.30ч)
– Ајри Скреч (14.30-17ч)

30.12 (сабота)
*Главна сцена:
– Детска програма (12-13ч)
– Златко Ориѓански & Бени (13-15ч)
–  Бендоувер (Кума и Црни) (15-17ч)
*диџеј-сцена:
– Драган Б. Костиќ (12-14.30ч)
– Цена (14.30-17ч)



Врати се горе ↑