Балкан

28 декември, 2017

Пред Нова година, групата „Визељ“ нè води во „Пустина“

Страста и нихилизмот својствени само за раната младост… прераснуваат во нешто неиспитано

Во Хрватска велат дека најдобро ги опишуваат три збора: „безобразни, бесни, електрични“ и дека „покажуваат како се плеска добар рокенрол“. Постарите колеги (Никола Врањковиќ) ги опишуваат како бенд кој „има нешто што имале ’Шарло Акробата’ и раната ’Азра’“

Перспективната белградска тројка „Визељ“, која беше дел од годинашната ПИН конференција во рамките на „Таксират“, после албумот „Нај бољи“ (Одличан хрчак, 2017), пласираше нова песна и ново видео! Пред Нова година, „Визељ“ нè водат во „Пустина“.

„Бевме во збрка за да ја снимиме оваа песна. Баш збрка… Не знаевме дали ќе успееме да ја истераме како што треба, но сега сме сигурно дека тоа е најдобрата песна што сме ја снимиле досега! Сташа феноменално го изработи видеото, се прекршивме околу снимањето, но вредеше! Многу сме горди“, искрени се момците од групата.

Режисерката на видеото, Сташа Букумировиќ, признава дека бендот исклучително ја инспирирал: „Работењето на ’Пустина’ за мене претставува еден од честите лични обиди за излет во добата на адолесценцијата, кои ми се многу драги и од кои ми е тешко да се откажам. Но, излетите се само излети, поголемиот дел од наивноста на раната младост е изгубена, а остатоците ги среќаваме таму каде што најмалку се надеваме. Сликата на ова видео се тинејџерската забава и досада, комплексни и преважни во својата едноставност, страст и нихилизам, кои се својствени само за раната младост што прераснува во нешто неиспитано. Сите односи овде се произволни и гранични. Како и (можеби пресериозно) да му звучи на некого, самата песна е забавна и секси, а и многу тешко се исфрла од главата – совршено долго возење со автомобил низ кој и да е предел што ќе го посакате.“

Сташа додава и дека во текот на снимањето на ова видео неколку пати „сакала да умре“, но и самата признава дека вредело! И вреди, не само да се преиспитаме преку новото видео на „Визељ“, туку и да ја следиме нивната работа, бидејќи единствената енергија што ја носат е единствена само за нив.

„Визељ“ можете да ги следите на Фејсбук и Инстаграм.



Врати се горе ↑