Свет maxresdefault

15 февруари, 2016

Пред 20 години, „Фуџиз“ ја променија иднината на хип-хопот со „The Score“

На 13 февруари 1996 година беше објавен вториот и последен албум на некогашното хип-хоп трио „Фуџиз“, насловен „The Score“. Покрај огромниот комерцијален успех, ова издание одигра значајна улога за иднината на хип-хоп културата. ’96 беше мошне тешка година за хип-хопот, и покрај тоа што на почетокот на февруари светот немаше претстава колку многу ќе се влоши ситуацијата.

Имено, на самиот почеток, во јануари беше убиен Мистер Си од групата „Ар-би-ел поси“, што предизвика медиумско лудило, изедначувајќи го хип-хопот со насилство. Сето тоа ја достигна својата кулминација во септември, кога Тупак Шакур сними дел од неговите најпознати хитови и беше мистериозно убиен во престрелка во Лас Вегас, па „The Score“ всушност беше одлична критика за таа гангстерска култура што фрли огромна сенка врз хип-хопот.

 

„Се фрустрирам кога рапувам, размислувајќи за сите деца што се обидуваат да го прават ова од многу погрешни причини“, рапува Хил во How Many Mics“. Во албумот понатаму се разработува дел од тие причини, како што се жед за слава, брзи пари или начин да се обезбеди статус и кредибилитет.

И покрај тоа што групата не преживеа, пред сè заради недоразбирањата меѓу Лорин и Вајклеф, „The Score“ остана да живее и за бројни генерации после нив. Со сингловите „Fu-Gee-La“, „Killing Me Softly“, „Ready Or Not“ иNo Woman, No Cry, овој албум се искачи на врвовите на речиси сите топ-листи ширум светот, беше најголем хит таа година и стана еден од најпродаваните хип-хоп албуми на сите времиња, а освои и 2 награди Греми во категориите „Најдобар рап албум“ и „Најдобра ар-ен-би изведба од група или дуо“ за темата „Killing Me Softly“.

 

По распаѓањето на групата во 1997 година, сите членови започнаа соло кариери. Лорин Хил во 1998 го издаде првиот и засега единствен соло албум „The Miseducation of Lauryn Hill“, два албума објави Праз, а најплодна соло кариера има Вајклеф Жан, кој досега има објавено 9 албуми, додека десеттиот насловен „Clefication“ го најави со синглот „Divine Sorrow“, во соработка со Авичи.

 

 



Врати се горе ↑