Видео мк

22 март, 2017

Празничниот хит на Мараја Кери станува анимиран филм

За време на новогодишните и божиќните празници, речиси незамисливо е барем еднаш да не ја слушнеме „All I Want For Christmas Is You“, но се чини дека Мараја Кери сака да оди чекор понатаму и овој празничен евергрин да го претвори во анимиран филм.

Пејачката деновиве ја објави првата видео најава за истоимениот анимиран филм, за кој засега е познато само дека ќе биде објавен на дивиди и ќе стигне кон крајот на годината, токму пред празниците. Повеќе детали се очекуваат наскоро.

 



Врати се горе ↑