31 декември, 2015

Празничен маратон со Мајкл Бубле

Веќе неколку години канадскиот музичар Мајкл Бубле е синоним за празнични песни, а неговиот вокал во стилот на легендарните Бинг Крозби и Френк Синатра е еден од омилените на публиката од сите генерации. Благодарение на тоа, пет години со ред се снимаат специјални празнични емисии каде што Бубле ги пее најпознатите божиќни класици, често со помош од неговите специјални гости. Токму затоа решивме да направиме еден празничен маратон составен од сите досегашни емисии, вклучувајќи ја и годинешната насловена „Божиќ во Холивуд“, во која гостуваат Селин Дион и Тори Кели и која Ве очекува горе, а потоа уживајте и со останатите четири, односно 5 емисии од претходните години. Среќни празници!

„Божиќ во Њујорк“ (2014) гости: Барбра Страјсенд, Аријана Гранде

 

2013 г. Гости: Мараја Кери, Мери Џеј Блајџ

 

„Дома за празниците“ (2012) гости: Карли Реј Џепсен, Блејк Шелтон, Род Стјуард

 

Дома за Божиќ“ (2011) гости: Гери Барлоу, Кели Роланд, „Пупини систерс“

 

И уште еднa емисија од 2011 година, во која гостуваат Џастин Бибер, Кели Пиклер, Талија и други,  Ве очекува на овој линк. Среќни празници!



Врати се горе ↑