Балкан

28 мај, 2019

„Празан диско“ е новиот сингл на „Бед копи“

Белградското хип-хоп трио „Бед копи“ го претстави својот нов сингл насловен „Празан диско“, воедно и прва заедничка песна за тројцата музичари по пауза од неколку години. Имено, Ајс Нигрутин, Тимбе и Скај Виклер се повеќе активни како соло-изведувачи, а последниот заеднички материјал „Кригле“ го објавија во 2013 година.

Сè уште не е познато дали „Празан диско“ е најава за нивното петто студиско издание, но екипата има и повеќе од доволно материјал за бројните заеднички настапи што ги одржува низ целиот регион, вклучувајќи го и оној на претстојниот „Егзит. На нивниот репертоар отсега ќе се најде и овој нов сингл, а како звучи и изгледа кога „Бед копи“ се во „Празно диско“, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑