Аудио 12376053_436596773205119_755565266624134388_n

6 јануари, 2016

„Правописецот“ порачува „Ајде научи“

„Ајде научи“ е насловот на третата песна од претстојното деби издание на Дејан Илиев, кој македонската музичка сцена ја освојува под псевдонимот „Правописец. Станува збор за уште една одлична тема отпеана од Ана Цаневска и аранжирана од Дарко Тасев, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

„Ајде научи“ ќе биде сместена на концепт албумот „Атермора“, од кој веќе имавте можност да ги слушнете и песните „Дали си ти“ и „Каде“.



Врати се горе ↑