Промоции promo

24 февруари, 2016

„Правописецот“ ќе го промовира новиот албум „Атермора“

Дејан Илиев, кој се крие зад псевдонимот „Правописец“, изминатиов период ни ги претстави песните од својот прв авторски проект насловен „Атермора“, а целиот материјал спакуван во ова издание ќе имаме можност да го слушнеме и во живо, на претстојната промоција закажана за 2 март во „Паблик рум“.

Заедно со Илиев, кој свири на гитара, ќе настапат и вокалите Емилија Славковска, Ана Ценевска и Мартина Кимовска, потоа Лазар Андреевски на бас гитара, Дејан Которчевиќ на тапани и Филип Димишковски на клавијатура. На „Атермора“ се сместени 10 авторски композиции на Илиев, а аранжманот го потпишува Дарко Тасев. Целиот материјал можете да го слушнете на неговиот канал на Јутјуб.

Настанот е со почеток од 20 часот.



Врати се горе ↑