Правна напомена и услови за користење

Radiomk.com ги објавува информациите и документите или другите писмени материјали на својот портал само за информативни цели.

Секој корисник на Radiomk.com со самата посета на овој портал, без никакви ограничувања се согласува со условите за користење и на редакцијата на Radiomk.com отстапува целосни права да ги менуваат условите во кое било време, без предвремено известување.

Изменетите услови ќе стапат во сила откако ќе биде истакнато јавно известување.

Редакцијата ги има правата на своја дискреција да ги преземе следниве постапки без претходни известувања:

• Да забрани, измени, суспендира или откаже пристап до кој било дел од Radiomk.com на било кого

• Да одбие, измени или избрише каков било материјал, кој е објавен или испратен на Radiоmk.com

• Да откаже, измени или избрише дел или сите информации во вашиот профил, како и сите активности поврзани со истиот

• По своја волја да забранува и ограничува пристап кон Radiomk.com без претходни известувања

• Вие се согласувате дека нема да го третирате Radiomk.com како одговорен доколку бидат преземени кои било од споменатите постапки.

Содржина

Radiomk.com има разновидна содржина создадена од наши партнери, корисници или надворешни соработници. Сите материјали објавени на нашиот сајт, вклучувајќи текстови и каде што е прикладно слики, графики, илустрации, знаци, логоа, звуци, видео клипови и флеш анимации се заштитени со авторски права, права на заштитни знаци или права на интелектуална сопственост.

Вие сте целосно одговорни за сите материјали, јавно или приватно испратени, закачени, препратени или емитувани на Radiomk.com. Секоја испратена содржина од ваша страна ќе се смета како материјал чија интелектуална сопственост припаѓа на вас и со самото испраќање давате целосни права на Radiomk.com и на нашите партнери да ја користат, изменуваат, дистрибуираат или јавно објавуваат – без никаква одговорност – и притоа да го истакнат вашето име доколку е тоа возможно и прифатливо. Со доставување на таков материјал до нас, се согласувате дека материјалот или неговата содржина не ја прекршуваат личната интелектуална сопственост или други права на која било трета страна, и дека третите страни нема да покренат какви било судски процеси против Radiomk.com во врска со таквите права, нема да поднесат какви било барања или тужби, и на крајот, доколку која било трета страна поднесе тужба против Radiomk.com, вие целосно ќе ги надоместите трошоците на Radiomk.com.

Доколку не сакате да ги дозволите овие права на Radiomk.com или на нашите партнери, при јавно или приватно објавување или испраќање на материјалите треба да истакнете дека за користење на доставениот материјал потребно е да биде контактиран авторот и користењето да биде одобрено од негова страна, притоа јасно и видливо истакнувајќи ги контакт информациите на авторот.

Објавување на наши текстови

Доколку сте сопственик на сајт кој служи за комерцијални цели или пак сте дел од медиум или некој друг проект и сакате да објавите текст претходно објавен на Radiomk.com треба да ги почитувате следниве неколку услови:

• Вие ги немате правата да ги изменувате, јавно објавувате (освен за едукативни цели), дистрибуирате, продавате, или на кој било начин искористувате овие материјали во целост, без претходна дозвола од редакцијата на Radiomk.com, одобрена од главниот уредник.

• Не е дозволено објавување на целосен текст во медиум, проект или сајт кој служи за комерцијални цели без претходна дозвола од главниот уредник. Во случаи на референца, дозволено е објавување на 10% од текстот при што задолжително мора да се истакне изворот, a доколку вашиот медиум е во електронска форма потребно е да обезбедите линк до материјалот на Radiomk.com

• Доколку медиумот не служи за комерцијални цели, дозволено е објавување на целосниот текст, но притоа задолжително треба да се објави името на авторот и линк до www.radiomk.com (или конкретниот линк од текстот)

Вашите права, легални обврски и ограничувања

Вие се обврзувате при секоја регистрациска форма објавена на порталот да доставувате точни и комплетни информации. Доколку има било каква промена во врска со вашите информации, вие се согласувате дека навремено ќе ги измените или ќе не известите. Сите информации кои ќе ги добиете од наша страна во врска со вашиот профил или претходно доставените информации, можат да бидат доверливи и ве советуваме да не ги откривате или доставувате на никого.

Вие самите сте одговорни за интегритетот на вашите кориснички имиња и лозинки.

Вие ги немате правата да користите туѓи кориснички имиња или лозинки или да собирате информации за останати членови, посетители или пак авторите на Radiomk.com.

Технологијата, софтверот и сите негови компоненти се во сопственост на Radiomk.com, нашите партнери или други компании и вие ги немате правата да копирате, изменувате, изнајмувате, препродавате, дистрибуирате, ниту пак ги имате правата директно да ги истражувате со цел откривање на сигурносни дупки и слично доколку не е поинаку наведено. Секаков обид за доаѓање во контакт со деловите од сајтот кои се забранети за обични корисници или пак серверите каде што се хостирани порталот и неговите сервиси се смета за нелегален чин и е дело казниво според кривичен закон на Република Македонија или земјата во која е извршено дејствието.

Без никакви ограничувања, со користењето на порталот и сите негови сервиси се согласувате дека нема да го користите Radiomk.com за омаловажување, малтретирање, следење или за било каков сличен чин со кој ќе ги нарушите моралните или правните права на другите посетители и членови. Исто така се согласувате дека нема да објавувате, препраќате или изменувате содржини со цел да истакнете некултурни, навредливи, непристојни, омаловажувачки или било какви материјали кои ги нарушуваат законите.

Вие немате никакви права да препраќате или на кој било начин пренесувате вируси, фајлови со нарушен интегритет или какви било други злонамерни кодови кои можат да нарушат нормално функционирање на нечиј систем или пак кои можат да ја нарушат приватноста на корисниците или Radiomk.com. Исто така се забранува секакво истакнување на недозволени анкети, натпреварувања, пирамидални шеми, спам, промотерски материјали и слично.

Дополнително се согласувате дека нема да пристапите во никакви нелегални активности при користењето на порталот и сите негови сервиси. Исто така целосно се обврзувате дека ќе ги почитувате условите за користење.

Барања и забелешки

Доколку верувате дека некои од објавените содржини нарушуваат авторски права или интелектуална сопственост, или пак доколку имате било какви други барања/забелешки во врска со содржините или начинот на работа на Radiomk.com. слободно можете да стапите во контакт со главниот уредник на radiomk.com или некој од авторите, по што ќе бидете контактирани за подетални информации (доколку се потребни) во најкраток можен рок.

Дополнителни информации

Со користење на овој сајт, вие можеби ќе пронајдете навредливa или непристоjна содржина или содржина која не е точна. Со самото користење на овој портал вие ги сносите сите последици и се согласувате Radiomk.com да не го држите одговорен под било какви услови. Radiomk.com секако ќе се обиде најдобро што може да овозможи точни и навремени информации во секоја пригода.

Без никакви ограничувања се согласувате дека во случај на загуби, штети или какви било слични ситуации нема да ги држите како одговорни Radiomk.com, компанијата која е одговорна за порталот, сопствениците, уредниците, дописниците или кои било други соработници. Radiomk.com содржи содржини овозможени од други партнери, корисници и соработници.

За сета содржина објавена на порталот, Radiomk.com не гарантира точност или интегритет и не сноси одговорност за никакви последици кои може да произлезат од користење на содржината објавена на Radiomk.com.

Исто така Radiomk.com ќе се обиде, но не се обврзува, да ја регулира содржината испраќана директно од нашите корисници или соработници, и за истата не сноси никаква одговорност.

Radiomk.com не гарантира дека порталот и сите дополнителни сервиси се без било какви грешки или дека секогаш ќе функционираат перфектно. Секој материјал кој ќе го преземете од Radiomk.com го преземате на свој ризик и вие сте одговорни за сите потенцијални штети кои можат да произлезат од неговото користење, дистрибуирање, модифицирање и др.


Врати се горе ↑