Свет mick_jagger

7 јули, 2013

Прамен од косата на Мик Џегер продаден за 4000 фунти

На неодамнешната аукција од куќата Бонам, која се одржа на 3-ти овој месец, меѓу разните понудени предмети се најде и прамен од косата на Мик Џегер. Имено, неговата поранешна девојка Криси Шримптон (67) со која Џегер се забавувал на почетокот на шеесеттите години, тврди дека нејзината баба го сочувала праменот од тогаш младиот пејач кога ги посетил во нивниот дом.

Праменот бил продаден за 4000 фунти, што е четири пати повеќе од цената која ја постигна праменот од косата на гитаристот од Ролинг Стоунс, Кит Ричардс, кој бил продаден за 900 фунти. Но, апсолутниот шампион во оваа категорија е Елвис Пресли, чиј прамен ја достигнал цената од 10 000 фунти.

Не е познато кој го купил праменот, а медиумите шпекулираат дека можеби тоа го направил и самиот Џегер, со оглед на тоа што пејачот бил многу чувствителен кога станува збор за неговата приватност.

 

 



Врати се горе ↑