Свет john_lennon_617_409

12 февруари, 2016

Прамен од косата на Џон Ленон се продава за 10 илјади евра

Праменот е во сопственот на поранешниот фризер на Џон Ленон, Клаус Барук од Хамбург. Тој во 1966 година му правел фризури на музичарот заради улогата во црната комедија „How I Won The War“ и сочувал десет сантиметри од косата.

„Ова е најголемиот праман од косата на Ленон кој некогаш е понуден на аукција. Сопственикот ја чувал 50 години“, велат од американската аукциска куќа „Хертиџ окшнс“.

Почетната понуда за праменот од косата од поранешниот член на Битлси е 10.000 евра, а аукцијата е отворена до кајот на февруари. Пред пет години сочуван заб на Ленон и продаден за нешто повеќе од 25.000 евра.



Врати се горе ↑