Македонија Od tebe zavisi

26 јануари, 2015

Познатите од Македонија заедно против климатските промени: #ОдTебеЗависи!

Познати личности од нашата држава деновиве ги зближи една иста идеја: Да помогнат да се крене гласот против климатските промени и да се направат напори за подобрување на нашата животна средина.

Сѐ започна во Скопје кога Марко Новевски со вентилатор се обидуваше да го прочисти загадениот воздух во градот, кога се делеа шишиња со “резерви на чист воздух” на Водно и кога едно паркинг место покриено со тревна површина беше резервирано за велосипед, а не за возило кое испушта штетни гасови во атмосферата. Пораката беше забележана и ги замисли граѓаните, а воедно и познатите лица во нашата држава, кои заедно решија својата популарност да ја искористат за подобрување на општеството во кое живееме.

Пред објективот на камерите, сите имаа да кажат по нешто свое. Некој зборуваше за тоа како загаденоста на воздухот влијае врз здравјето на луѓето, друг за штетите кои го предизвикуваат растот на температурите и зачестените бури и поплави, но сите едногласно заклучија дека покрај напорите што се прават на глобално и национално ниво, и секоја личност може да даде свој придонес во борбата против климатските промени и да направи разлика со иновативни идеи и промени во секојдневниот начин на живеење.

Така што најгласната порака беше единствена и кратка: #OдTебеЗависи!

www.odtebezavisi.mk



Врати се горе ↑