Македонија skopski festival

6 октомври, 2015

Познати учесниците и композициите за „Скопски фестивал 2015“

Осумнаесет нови композиции ќе бидат изведени на претстојното издание на „Скопски фестивал“, кое ќе се одржи на 12 ноември во „Метрополис арена“ во Скопје. Комисијата селектираше меѓу седумдесет пристигнати композиции, а најдобрите влегуваат во трка за вредни парични награди. Организаторот на фестивалот МРТВ најави стилски шаренолики песни, кои ќе бидат изведени во придружба на Ревискиот оркестар на МРТ.

„И годинава имаме шаренило на стилови и музички жанрови. Ќе видиме сплет на изведувачи од постарата и помладата генерација, автори кои одат чекор напред во аранжманите“, изјави Љупчо Мирковски, уметнички директор на фестивалот.

Фестивалот оваа година се одвива одделно од изборот на претставник за „Евровизија“ (МРТ дополнително ќе објави на кој начин ќе биде селектиран нашиот претставник за „Евровизија 2016“ во Стокхолм) и има натпреварувачки карактер: првопласираната песна ќе добие 600.000 денари, втората 450.000 денари, а третата 300.000 денари. За победниците ќе одлучуваат гласовите од телевоутингот и стручното жири.

Композиции и изведувачи за „Скопски фестивал 2015“

1. Љубов – В. Илиевски/Ј. Димчевска

2. Од град до град – Ристо Самарџиев

3. Празен ден – Маја Вукичевиќ

4. Пеј брате мој – Александар Тарабунов

5. Јас и ти – Јана Бурчевска

6. Убава – Ај кју

7. Орхидеја – Џина Папас Џокси

8. Музика од љубов – Иван Раденов

9. Премин – Мартин Мила

10. Градина од цреши – Сара Мејс

11. Сеедно е – Ванеса Николова

12. Бегај, бегај – Даниел Дан

13. Нема да можам – Горан Наумовски

14. Прости ми – Виктор Апостоловски

15. Илјада светови – Мики Секуловски

16. Љубовта е – Елена Петреска

17. Знам ти ме оставаш – Александар Белов

18. Без тебе – Ања Ветерова



Врати се горе ↑