Македонија 11350557_10152776308777382_1318828695850055126_n

5 јуни, 2015

Познати сите финалисти за „Макфест 2015“

Вечерва со почеток од 20.30 часот започнува главната „битка“ на јубилејното 30. издание на „Макфест“, во чии рамки ќе се натпреваруваат 18 финалисти, односно по 9 од двете полуфинални вечери кои се одржаа изминативе два дена, 3 и 4 јуни.

На синоќешната втора полуфинална вечер настапија уште 15 од вкупно 30-те учесници годинава, а за пласман во финале се бореа Даниел Данн, Александра Михова, Александра Андова, Лена Заткоска, Панче Илиев и Иле Кикиритков, Марјан Стојановски, Бојана Атанасовска, Ивана Наумова, Ивона Јовановиќ со „Рафинерија“, Наде Талевска, Зоран Илиев, Наташа Малинкова, „Браво бенд“, Горан Наумовски и Дарко Илиевски.

И овој пат за нивната судбина одлучуваа жири комисијата со 70% и публиката со 30% од гласовите, така што најсреќните 9 коишто вечерва повторно ќе запеат на сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип се: Бојана Атанасовска, Зоран Илиев, Ивона Јовановиќ со „Рафинерија“, Александра Андова, Наде Талевска, Наташа Малинкова, Панче Илиев со Иле Кикиритков, Горан Наумовски и Дарко Илиевски. 

Официјалниот редослед на настапи ќе биде откриен наскоро.

И.Ј. 



Врати се горе ↑