Свет Eurovision-logo-2013-radiomk

18 март, 2013

Познати сите евровизиски песни освен италијанската

Денеска, 18-ти март е крајниот рок за претставување на сите евровизиски песни кои годинава ќе ги чуеме во Малме, Шведска. Дел од песните беа познати уште при крајот на минатата година, а тоа беа албанскаташвајцарската и оние од Белорусија, Белгија, Литванија и Украина. Потоа имавме можност да чуеме дел од песните од првата и втората полуфинална вечер, а неодамна ги слушнавме и песната од Велика Британија (која ќе ја претставува Бони Тајлер), како и црногорската „Игранка“, српската „Љубав је свуда“ од групата Моје 3, бугарската „Само шампиони“ од Елица и Стојана беа претставени и песните од домаќинот Шведска, Ерменија, Романија, Израел, Естонија и Унгарија.

Деновиве своите песни ги претставија и Сан Марино, Молдавија, Азербејџан и конечно можеме во целост да ја чуеме и холандската претставничка Анук, која ќе ја отпее песната „Birds“. Од непознати причини сè уште не е позната италијанската песна, со која ќе се претстави овогодинешниот победник на познатиот фестивал Сан Ремо, младиот изведувач Марко Менгони. Во продолжение слушнете ги преостанатите неколку песни, па ако веќе немате фаворит за победа, можеби ќе го слушнете во продолжение.

Холанската пејачка Анук е една од евровизиските изведувачи за кои најмногу се зборува годинава. Многумина веруваат дека таа ќе ја однесе Холандија во финале, бидејќи земјата не успеала да се пласира таму од 2004 година, а годинава ќе ја видиме во првата полуфинална вечер.

Anouk – Birds (Холандија)

 

Во избирањето помеѓу 14 песни, Молдавија даде најмногу гласови за Алиона Мун (Aliona Moon), млада надежна пејачка која веќе има одредено евровизиско искуство; таа била придружен вокал на Паша Парфени кој ја претставуваше оваа земја во 2012 година и е еден од авторите на овогодинешната композиција. Таа ќе ги брани боите на својата земја со песната „A Million“, која ќе ја чуеме во првата полуфинална вечер.

 Aliona Moon – A Million (Молдавија)

 

Сан Марино годинава повторно ја праќа минатогодишната претставничка Валентина Монета, која лани отпеа песна за „социјалната мрежа“, а годинава ќе ја видиме во малку посериозно светло. Во првиот дел од втората полуфинална вечер Монета ќе ја отпее песната насловена „Crisalide“, а како тоа звучи можете да слушнете во продолжение.

Valentina  Monetta – Crisalide (Сан Марино)

 

Минатогоднишниот домаќин Азербејџан од изборот помеѓу 10 песни ја избра песната „Hold Me“, која ќе ја отпее младиот пејач Фарид Мамадов (21). Песната ќе ја отвори првата полуфинална вечер, а како тоа звучи слушнеѕе во продолжение.

Farid Mammadov – Hold Me (Азербејџан)

 

Од 39-те земји учеснички за годинешното издание на Евровизија, останува да ја чуеме уште италијанската, а според прогнозите на обложувалниците, најголем потенцијал за победа има Данска, потоа Норвешка, Холандија, Шведска, Украина и Русија.

 



Врати се горе ↑