Настани

11 март, 2019

Познати сите детали за „Охрид колинг 2019“

Авалон“ ги соопшти деталите за претстојното издание на фестивалот „Охрид колинг 2019“, кое ќе се одржува од 1 до 4 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Имено, на овој досега најголем проект во 26-годишната работа на продукцијата во земјава, ќе настапат 16 светски музички уметници, на чии настапи се очекуваат по 20.000 посетители на ден.

Стив Ајоки, Нерво, Фед ле Гранд, Робин Шулц, Кунгс, Мартин Џенсен и нашиот Галоски се само дел од уметниците што ќе настапат на четиридневниот спектакл, а влезниците се веќе пуштени во продажба од денеска, 11 март, преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

БЛОК ВЛЕЗНИЦИ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА:
ЕДИНЕЧЕН ПАРТЕР- 2.990 денари (49 евра)
ФАН ПИТ- 3.990 денари (65 евра)
ВИП – 6.000 денари (100 евра)

EДИНЕЧНИ ЦЕНИ НА ВЛЕЗНИЦИ ПО ДЕН:
ЕДИНЕЧЕН ПАРТЕР- 1.200 денари (20 евра)
ФАН ПИТ- 1.990 денари (33 евра)
ВИП- 3.000 денари (49 евра)



Врати се горе ↑