Балкан 559335_668145513198491_147606846_n

10 септември, 2013

Познати сите членови од жирито на X Factor

Во првата сезона од популарната музичка емисија  X Factor, каде што ќе се натпреваруваат кандидати од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, четиричленото жири ќе биде составено од Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач, Кики Лесендриќ и Емина Јаховиќ, кои ќе имаат задача да ги препознаат младите таленти кои го имаат тој Х фактор.

Емина Јаховиќ Сандал привлече внимание уште на самиот почеток на нејзината кариера во 2001 година кога го претстави својот деби албум комплетно реализиран од Дино Мерлин. Но вистинската популарност ја стекна неколку години подоцна кога почна да реди хитови како што се „Дал’ она зна“, „Пиле моје“, „И да могу“, како и дуетите „Мед“ и „Још ти се надам“. Поголемиот дел од песните ги напиша самата. Во брак е со турската ѕвезда Мустафа Сандал, кој е ментор во еден сличен натпревар во Турција.

Кики Лесендриќ се прослави во осумдесеттите години како фронтмен на бендот Пилоти, кој имаше неколку значајни хитови во тоа време како што се „Као птица на мом длану“, „Заборављени“ и други. И денеска се слушаат хитовите кои ги направи за други бендови и солисти: „Колачичи“ за Марина Перазиќ, „Баракуда“ за Викторија и други.

Првата епизода на X Factor е закажана за 22-ри отомври, а финалето ќе биде во белградската Комбанк Арена кон крајот на февруари следната година.

 



Врати се горе ↑