Свет SH_SFone-1

15 мај, 2013

Познати првите десет евровизиски финалисти

Синоќа во Малме арената се одржа првата полуфинална вечер од 58-от избор за песна на Евровизија. Публиката имаше можност да види 16 музичко-сценски изведби, но само 10 од нив успеаја да обезбедат пласман за големото финале во сабота. Стручната жири комисија веќе ги даде своите гласови за секоја земја, а конечниот резултат се добива од збирот на гласовите на жирито и публиката. На синоќешната полуфинална вечер можеа да гласаат само земјите чии претставници беа дел од вечерта, како и домаќинот Шведска, Италија и Велика Британија.

Од вкупно 39-те земји кои годинава учестуваат на Евровизија, балканските земји Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија се претставија вчера, но за жал, ниту една од нив не обезбеди пласман за финале. Во четврток ќе дознаеме дали и колку балкански земји ќе одат во финале, меѓу кои и Македонија, Бугарија, Албанија и Грција.

Во продолжение погледнете ги првите 10 финалисти кои во сабота ќе бидат дел од големото финале.

МОЛДАВИЈА Aliona Moon – O Mie

 

ЛИТВАНИЈА Andrius Pojavis – Something

 

ИРСКА Ryan Dolan – Only Love Survives

 

ЕСТОНИЈА Birgit – Et Uus Saaks Ulguse

 

БЕЛОРУСИЈА Alyona Lanskaya – Solayoh

 

ДАНСКА Emmelie de Forest – Only Teardrops

 

РУСИЈА Dina Garipova – What If

 

БЕЛГИЈА Roberto Bellarosa – Love Kills

 

УКРАИНА Zlata Ognevich – Gravity

 

ХОЛАНДИЈА Anouk – Birds

Фото: Sander Hesterman (EBU), Eurovision.tv



Врати се горе ↑