Свет mtv-ema-actuaciones-heidi

31 октомври, 2012

Познати имињата на добитниците на MTV „Worldwide Act“ наградата

Ријана, Дима Билан, Рестарт, Хан Генг и Ахмед Султан ќе се натпреваруваат за наградата „Worldwide Act“ на доделувањето на Европските Музички Награди (Еuropean Мusic Аwards) 2012 на музичкиот канал МТV.

Во изминатите шест недели музичката телевизија на фановите ширум светот им ја даде можноста да гласаат и за своите најдобри домашни изведувачи, со цел да им обезбедат номинација и шанса да го претставуваат својот регион на овогодишното доделување на ЕМA.

Добитникот на MTV Best Adria Act, црногорскиот бенд Who See не успеа да ја освои титулата Best European Act, затоа што во оваа категорија победата ја однесе рускиот пејач Дима Билан, нам познат како победникот на Евровизија во 2008 година.

Покрај Билан кој ќе ја претставува Европа, во трката за Worldwide Act се и Хан Генг (асизко-пацифички регион), Ахмед Султан (Африка/Индија/Блискиот исток), Ријана (Северна Америка) и Рестарт (Латинска Америка).

Овие пет изведувачи од денеска ќе се натпреваруваат во последната рунда гласање во категоријата Worldwide Act, која ја слави ширината на музиката која музичкиот канал ја нуди ширум светот. Фановите можат да гласаат за оваа и други категории од овие награди на www.mtvema.com до 23:59 часот во петок, 9ти ноември 2012 година. Победникот во оваа категорија ќе биде прогласен на свеченоста во Франкфурт. Деветнаесеттите по ред доделувања на МТV Европските Музички Награди, кои ќе ги води супермоделот Хајди Клум, ќе се пренесуваат во живо од историската франкфуртска хала Фестхал во недела, 11ти ноември, од 20.00 часот, кога ќе почне преносот во живо од црвениот тепих.

На овогодинешното издание ќе натапуваат во живо: Тејлор Свифт, Ноу Даут, Карли Ре Џепсен, Фан, Рита Ора, Алиша Киз, Питбул, Килерс и корејската мегаѕвезда PSY.

 

 



Врати се горе ↑