Македонија makfest2013

12 октомври, 2013

Познати финалистите за Макфест 2013

Синоќа во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип се одржа првата полуфинална вечер од 28-то издание на фестивалот на забавни мелодии Макфест, а со новиот уметнички директор Драган Мијалковски и мотото „Враќање на корените“, фестивалот годинава става акцент на шлагерите. На макфестовската сцена беа изведени 24 композиции, а во ревијалниот дел на „полувремето“ настапи холандскиот кантавтор Вил Нелеманс кој отпеа 3 композиции, меѓу кои и најновата „Врати се“, отпеана на македонски јазик, а вечерва овој дел ќе биде исполнет со изведбата на бугарско-италијанското трио Ша-Ша, кое свири блуз, џез и соул музика.

Меѓу изведувачите на годинешното издание има и веќе познати музички имиња како што се Кристина Арнаудова, Маја Вукичевиќ, Боби Мојсоски, Сања Лефкова, Игор Митровиќ и други, но и дебитанти кои за прв пат се претставија пред македонската публика. Од 24-те теми, само 18 повторно ќе бидат изведени и вечерва на финалето кое ќе започне во 21 часот и чиј пренос во живо ќе можете да го следите на МРТ 1. Редоследот на финалистите е следниот:

1. Љубовта лузни остава – Коки Петрушев

2. За Крај – Игор Митровиќ

3. Засекогаш ти – Сања Лефкова

4. Река – Дејан Тасев

5. Празни Булевари – Маја Вукичевиќ

6. Застани – Боби Мојсоски

7. Не, не , не … да, да, да – Ива

8. Во твоите раце – Љупка Најдановска

9. Ти простив уште тогаш – Ѓорги Димитров

10. Сенка – Горан Милошески и Огнен Јанески

11. Можеш ти без мене – Ангела Русо

12. Ти немаш срам – Ивана Миланова

13. Земи ме – Кристина Арнаудова

14. Почеток и крај – No end

15. Како да те украдам – Мартинијан Кириловски

16. Боли – Панче Илиев

17. Не ме познаваш – Марија Бунда

18. Врати ми го сонцето – Александра Јанева

Извор: vostip.mk



Врати се горе ↑