Македонија

27 октомври, 2017

Познати деталите за јубилејниот „МАРС 2017“

Јубилејното, 10. по ред издание на Македонскиот радиски фестивал – „МАРС 2017“ ќе се одржи на 14  ноември, вторник, 2017 година во МОБ – Скопје. КЦ  „Александар Македонски“ и годинава се јавува како организатор и продуцент на фестивалот, кој како и досега е  поддржан од градот СкопјеНа него и овој пат ќе бидат избрани најпопуларните радиски хитови на годината, селектирани од над 30 и кусур радиостаници ширум Македонија, кои до организаторот ги испратија своите листи со највртени македонски хитови во тековната година.

Од околу 500 селектирани песни испеани од повеќе од 100 домашни изведувачи, по пат на пристигнатата радиоселекција, најзастапените хитови во македонскиот радиоетер се најдоа на финалната вечер на „МАРС 2017“ во избор за наградувани радиски хитови на годината. „МАРС 2017“ и годинава ќе биде проследен со директен ТВ пренос на МТВ1. На првиот прес ќе биде јавно претставен и изборот на селектираните радиски хитови за кои ќе може да гласа и публиката со кликнување лајк на фан-страницата на „МАРС 2017“ на Фејсбук, за еден од своите омилени хитови, односно неговиот изведувач, од оние кои  ќе настапат и на финалната вечер.

Screenshot_1-17

Ова е финалната листа на учесници на „МАРС 2017“,  која произлезе од радиоселекцијата на изведувачите и нивните радиски хитови во 2017 година:

  1. Влатко Лозаноски – Ова лето ќе се памти
  2. Кристина Арнаудова – Љубена
  3. Викторија Лоба – Дојди
  4. Ај кју – Мојот крал
  5. Сара Мејс – Небо
  6. Наташа Малинкова – Хеј мама
  7. ДНК – Невозможна мисија
  8. Димитар и Тајфата –Остани
  9. Теа и Панчо – Рушевини
  10. Ања Ветерова – Рамбамбам
  11. Некст тајм –  „Слушам кај шумат шумите

+  Специјалните гости… кои се изненадување!

Во ревијалниот дел на „МАРС 2017“ годинава организаторот реши да нема имиња од регионот, а јубилејот – 10-годишнината од  постоењето на фестивалот да биде исполнет само со македонски музички содржини. Така, покрај во моментов најпопуларните македонски музички имиња, низ македонскиот музички времеплов ќе нè водат танчерските точки со специјално подготвена кореографија на познати македонски евергрини, диџеј сет од миксови на македонски ретро хитови, видео програма како и дел од досегашните водители на фестивалот, кои ќе нè вратат годиниве наназад… Со ова ќе се увелича и подигне нивото на јубилејното 10. издание и зголеми рејтингот на МАРС, кој останува најголемата музичка парада на македонската поп-естрада.

IMG_9726

Домаќинка на јубилејното 10. фестивалско издание на „МАРС 2017“ и овој пат ќе биде една од познатите водителски ТВ имиња – Марија Петровска ( екс „Бекстејџ” ), која сега живее и работи во Словенија, а за оваа пригода специјално ќе допатува во Скопје.

И годинава претходно селектираните хитови од финалната селекција по категории ги оценуваше и наградуваше  жири составено од преставници на  национални и локални радиостаници од различни региони во Македонија, па така изведувачите на финалната вечер ќе ги понесат наградите за: радиски поп хит, ар ен би хит, етно поп хит, радиска балада, радиски хит испеан од машки вокал, од женски вокал, од група, најдобра преработка, партнерство за хит ( дует), ѕвезда што се раѓа ( најдобар млад изведувач), апсолутен радиски хит, а тука е и наградата за трајни вредности…

Screenshot_17-1

Изведувачот чија песна ќе биде прогласена за апсолутен радиски хит на 2017 година, ќе добие парична награда од 60.000 денари од организаторот на Македонскиот радиски фестивал. Изведувачот на песната која ќе добие најмногу лајкови од фановите на фан-страницата на „МАРС 2017“ на Фејсбук, како нивни избор ќе добие награда од 30.000 денари. И конечно, наградата од 10.000 денари  ја понесе авторот на најдобар текст на една од финалните песни. Оваа награда традиционално ја избираат естрадните новинари од различни медиуми (дневни весници, магазини и интернет портали) во Македонија.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑