Настани ESC-2015

24 март, 2015

Познат редоследот на песните за „Евровизија 2015“

… Даниел настапува под реден број 8

По претставувањето на сите 40 композиции, кои годинава ќе се натпреваруваат за титулата Песна на Евровизија, вчера беше откриен и редоследот по кој изведувачите ќе пеат во двете полуфинални вечери. Како и минатите две години, одлуката и овој пат беше во рацете на продуцентите на манифестацијата. Нашиот претставник Даниел Кајмакоски со темата „Autumn Leaves“ ќе настапи во првата полуфинална вечер, а според вчерашната одлука, на сцената во Виена ќе запее под реден број 8. Истата вечер ќе настапат и претставниците на нашите соседи Србија, Албанија и Грција, а редоследот за двете полуфинални вечери можете да го погледнете во продолжение.

Прва полуфинална вечер (19 мај)

  1. Молдавија
  2. Ерменија
  3. Белгија
  4. Холандија
  5. Финска
  6. Грција
  7. Естонија
  8. МАКЕДОНИЈА
  9. Србија
  10. Унгарија
  11. Белорусија
  12. Русија
  13. Данска
  14. Албанија
  15. Романија
  16. Грузија
Втора полуфинална вечер (21 мај)
  1. Литванија
  2. Ирска
  3. Сан Марино
  4. Црна Гора
  5. Малта
  6. Норвешка
  7. Португалија
  8. Република Чешка
  9. Израел
  10. Летонија
  11. Азербејџан
  12. Исланд
  13. Шведска
  14. Швајцарија
  15. Кипар
  16. Словенија
  17. Полска

Како и секоја година, во секоја од полуфиналните вечери гласаат само земјите кои се натпреваруваат таа вечер, како и дел од земјите кои одат директно во финале. Со оглед на тоа што годинава, по повод јубилејот од 60 години, во натпреварот се вклучува и Австралија, чиј претставник ќе настапи во финалето, жителите на земјата на кенгурите ќе можат да гласаат во двете полуфинални вечери. Во првата полуфинална вечер, кога ќе настапи и нашиот Даниел, покрај Австралија, ќе гласаат и Шпанија, Австрија и Франција, а во втората полуфинална вечер Германија, Италија, Обединетото Кралство и, повторно, Австралија.

Редоследот за финалната вечер ќе биде откриен после втората полуфинална вечер, а познато е само дека домаќинот Австрија ќе настапи под реден број 14. Големото финале на јубилејното 60. издание на „Евровизија“ ќе се одржи на 23 мај, а на песните кои ќе ги слушнеме на евровизиската сцена во Виена можете да се потсетите овде (и Црна Гора овде).

Извор: Eurovision.tv



Врати се горе ↑