Настани 375596_10151711371593698_1947441391_n

13 јуни, 2013

Позитивни вибрации од Егзит реге бината

Positive Vibration Stage, едно од омилените места каде секогаш е загарантирана одличната и опуштена атмосфера, на голема радост на публиката, го менува концептот. Имено, оваа година под слоганот EXIT Р:Еволуција, акцентот го ставаме и на промоција на домашните кавлитетни бендови, со повеќе од 40 домашни и странски изведувачи,  LIVE бендови, Sound System-и, DJ-и и MC-а.

Реге стејџот оваа година најавува и “competition show” во рамките на “show time”-от, кое ќе се одржува секоја вечер после 2 наутро. Ќе учествуваат посетителите и ќе се бира најдобар вокал, best jamaican dance, best jamaican speech MC, а финалната вечер на натпреварувањето е резервирано за последниот ден на фестивалот, 14-ти јули. Посебен тон на програмата ќе ѝ дадат танчерските школи Viva Dance и Groovin’ skull кои во реге ритамот ќе го надополнат секој „вајб“ на оваа бина.

Без сомнеж, неодминливиот Реге стејџ, фамозниот “meeting point”, делот од фестивалот кој ослободува беспрекорно чувство на мир и слобода, оваа година ги претставува одличните домашни и странски имиња, како што се: Smoke ‘n’ soul, Hornsman Coyote & Balkan Music Box Riddim, Дарка & Balkan Music Box Riddim, Аман Заман, Машта Башта, Дечија Радост, Rab L Khali.

SMOKE ‘N’ SOUL

Smoke’n’Soul – белградскиот бенд кој се појави во 2000. година, прерасна во прецизна рутс-реге машина која може гордо да стои и да ги донесе позитивните вибрации на било која сцена на планетава. Тукушто на јавноста и го претставија новиот сингл „Give Thanks and Praises“ кој совршено го претставува развојот на нивната креативност.

Hornsman Coyote & Balkan Music Box Riddim

Hornsman Coyote (ака Немања Којиќ Којот) е меѓународно познат реге автор и тромбонист од Србија. Којот, на регионалната јавност повеќе познат како лидер на реге-метал атракцијата Eyesburn, како соло уметник има повеќе од 20 винил изданија и 6 албуми за различни етикети ширум светот во последните шест години. До сега снимал и ја делел сцената со светски познати уметници како што се, помеѓу останатите, Lee Scratch Perry, Max Romeo, I Jahman Levi, Jah Mason, Lutan Fyah, Soulfly, Bunnigton Judah…

 

Дарка & Balkan Music Box Riddim

Вонсерискиот вокал и автор, според критичарите „кралицата на балканските реге вокали“, “неповторливиот глас“, „реге и соул дивата“, „српската Erykah Badu“, Дарка работи со музика од петнаесетгодишна возраст и имаше среќа да настапува со најталентираните музичари во Србија. Ова лето ќе биде претставен првиот видео сингл „Rise Up“, а публиката на EXIT 2013 ќе има прилика да ја чуе во акустичен сет со музичарите од Balkan Music Box Riddima.

АМАН ЗАМАН

Аман Заман е реге/даб/ска бенд од Србија, оформен во 2008 година и составен од девет члена, задолжени за лудата атмосфера на концертите.

МАШТА БАШТА

Машта Башта е бенд сочинет од млади луѓе со различни интересирања, собрани околу една заедничка цел. Таа разновидност на теми и интереси се отсликува во нивата музика, чии заеднички именител е позитивната енергија и духот на промени.

ДЕЧИЈА РАДОСТ

На реге стејџот ќе настапат во полн состав и целиот концерт ќе биде посветен во сеќавање на Боб Марли со нивна изведба на неговите песни.

RAB L KHALI

Проектот е настанат во 2011 годна. Започна како трио, заснован на електронска продукција на саунд систем формацијата со VJ поддршка, а за време на една година еволуираше во шестчлен лајв бенд.

На Positive vibration бината нѐ очекуваат и одличните диџеј и емси артисти: Deadley Hunta, Chay Nelle, Ана Перишиќ, Ras Rueben, Sarah Eliza, Tico, Jah Bones, Mac Floss, Supper Natty, Wenti Wadada и Soul Vibes.

 

Помеѓу саунд-систем изведувачите, ќе уживаме во настапите на: Irie Revolution, Dada Selectah, Superstar Selecta, Jah Messenjah, Ras Milenko, Martinees, Shashaman, Baga Sound, Wack Wacko, Fyahman.

Ако планирате оваа година да го посетите EXIT на еден или пет дена ве советуваме да побрзате, бидејќи со оглед на ограничениот број на карти и поради до сега незапаметениот интерес на публиката, се очекува и новиот контингент влезници да биде брзо распродаден!

Петдневните влезници за Exit ќе бидат достапни по промотивната цена од 3.580 денари сѐ до 1. јули до полноќ. По овој период, од 2. јули, цената на влезниците ќе изнесува 4.510 денари и ќе може да се купат до 9. јули до полноќ. Од 10. јули цената на влезниците за сите денови ќе изнесува 7.230 денари.

Актуелната промотивна цена на еднодневните влезници од 1.560 денари ќе трае до 1-ви јули, до полноќ, а веќе од 2-ри јули цената за еден ден на фестивалот ќе изнесува 1.890 денари. За време на траењето на фестивалот, цената на еднодневните влезници ќе биде поскапа, така штопромотивниот период на продажбата е идеална прилика за сите оние на кои EXIT им е најубавиот летен период да дојдат до своите влезници на најлесен начин.

Во следните 2 недели, EXIT ќе ги објави сите бини на фестивалот, така што следете и наслушнувајте, меѓу нив се крие баш она што го чекате! Сите дополнителни информации можете да ги најдете на официјалниот сајт на EXIT фестивалот www.exitfest.org



Врати се горе ↑