Аудио 12191521_10204768194585874_1125264341433872432_n

6 ноември, 2015

„Pouring Rain“ е новата песна на Емилија Ѓорѓевска од „Идол“

Сигурно многумина се сеќаваат на финалистката од првиот „Македонски идол“, Емилија Ѓорѓевска од Тетово, која после учеството во натпреварот го имаше и хитот „Луда“, потпишан од колегата Милан Миланов – Коса. Талентираната пејачка деновиве ја претстави и својата авторска песна „Pouring Rain“, отпеана на англиски јазик.

„’Pouring Rain’ е моја авторска песна, која ја почнав на 18, а ја завршив сега, кога имам 22. Ова не е comeback во музика, едноставно само почувствував дека доволно време собираше прашина и дека сега е вистински момент да излезе во јавност. Инспирирана е од различни личности и настани и е нешто што е дел од мене и многу ми значи. Имам многу трема како ќе помине, најмногу затоа што што не сум по професија музичар (програмер сум). Затоа, огромна благодарност до Гоце Симоноски, кој ја ’спастри’ и намести, да не беше тој, не би звучела како што звучи“, вели Еми.

Песната веќе доби позитивни критики од слушателите, а дали ќе ви се допадне и вам останува да дознаете ако притиснете плеј. Уживајте!

И.Ј.



Врати се горе ↑