Свет 176383

5 декември, 2012

Потврден дуетот на Мајкл Бубле и Риз Витерспун

Пред извесно време беше најавено дека канадскиот пејач Мајкл Бубле ќе сними дует со актерката Риз Витерспун, а сега тој дует е и официјално потврден. Имено, пејачот кој го подготвува новиот шести по ред студиски албум кој треба да излезе следната година, потврди дека дуетот со Витерспун ќе се најде на истиот:„Јас сум навистина голем фан на Риси и со тимот сме воодушевени што таа со возбуда ја прифати нашата понуда.“

Актерката земаше часови по пеење за да се подготви за улогата на кантри пејачка во филмот „Walk the Line“ во 2005 година. Таа рече дека снимањето на албум за филмот било најпредизвикувачкото и најстрашното искуство во нејзиниот живот. Сега, после 7 години, таа е подготвена да го стори тоа повторно.

 

 



Врати се горе ↑