Свет mj-xscp2

31 март, 2014

Постхумен албум од Мајкл Џексон во мај

Епик Рекордс (Epic Records) денеска го најави постхумниот албум од Мајкл Џексон насловен „Xscape“, кој ќе содржи 8 претходно необјавени теми со обновена продукција и ќе биде објавен на 13 мај, пренесуваат американските медиуми. Извршен продуцент на ова издание е главниот човек на Епик Рекордс, Ел Еј Рид (L.A. Reid), на кој му беше дозволен неограничен пристап до сите архивирани снимки од Џексон.

Рид ја направил конечната селекција на необјавени песни кои ги предал на продуцентите да ги „исчистат“ и да им дадат модерен и современ звук. Тимот продуценти на чело со Тимбаленд го сочинуваат и Родни Џеркинс, Старгејт, Џером (Џеј-Рок) Хармон и Џон Меклејн. Насловната тема (која можете ја слушнете овде или овде) е напишана и продуцирана од страна на Џексон и Џеркинс, воедно и единствената песна која е преработена од својот оригинален продуцент, а снимена е во 2001 година кога Мајкл го подготвувал неговиот албум „Invinsible“. За сите кои ќе сакаат да ги слушнат оригиналните снимки, истите ќе се најдат на лукзусното издание од овој албум.

Сè уште не се познати насловите на песните кои ќе се најдат на „Xscape“, чија насловна фотографија можете да ја видите во продолжение.

 



Врати се горе ↑