Аудио posnoprase

7 ноември, 2013

Посно прасе снимаат видео запис и наскоро ќе објават ДВД

Составот Посно прасе, во кој вокалните делови ги предводи актерот Златко Ракоњац, најави ДВД издание, како и видео запис за темата „Clubbing“. Групата од Обреновац пред година дена го објави ЕП изданието „Демо држава“, на кое се најдоа шест нумери, а на кое му претходеа неколку синглови. Видео материјалот кој ќе биде искористен за ДВД изданието е снимен на малку невообичаен начин.

„Не сакавме тоа да биде класичен видео материјал од некои свирки, туку снимавме во просторијата во која свириме и создаваме музика, па на тој начин барем малку да ја приближиме публиката до таа атмосфера. Исто така, интересно е тоа што аудиото ќе биде клот, односно без никакво пеглање на звукот.“ – открил Ракоњац.

Концертната промоција на „Демо држава“ и ДВД изданието ќе се одржи наскоро во Белград, кога Посно прасе ќе настапи заедно со составот Прљави дрипци, а потоа ќе продолжи и во други градови од Србија и регионот. Подетални информации за претстојната турнеја ќе бидат објавени наскоро.

 



Врати се горе ↑