Македонија

8 јули, 2018

Последно збогум – погребан познатиот рок-пејач Влатко Илиевски

Денеска на гробиштата во Ѓорче Петров беше погребано телото на прерано починатиот рок-пејач Влатко Илиевски (33).  На погребот присуствуваа голем број на негови пријатели, соработници, колеги и роднини, кои дојдоа да го испратат популарниот пејач за последен пат.

Меѓу присутните беа: Сашко Коцев, Нина Деан, Марјана Станојковска, дуото „Некст тајм“, Дани Димитровска, Бојан Јовановски, Биба Додева, Марко Маринковиќ – Слаткар, Роберт Билбилов, Огнен Неделковски, членовите на бендот „Морал“, Дарио Панковски, Џина Папас Џокси и уште многу други.

Неговото беживотно тело беше пронајдено во петокот ноќта во неговиот автомобил, а од МВР соопштија дека врз Влатко не биле пронајдени знаци на насилство, а причината за смртта ќе се дознае за неколку дена.

Извор и фотографии: 1тв



Врати се горе ↑