Настани jabolkober2015

21 септември, 2015

Последниот викенд од септември нека ви биде резервиран за Преспа!

Преспанците со децении наназад бербата на јаболката ја започнуваат на Крстовден и по тој повод прават голема забава! Во последниот септемвриски викенд плоштадот во Ресен се претвора во место каде што можете да ги видите и чуете најголемите ѕвезди на македонската поп и фолк естрада.

Годинава таму ве очекуваат: Каролина Гочева, Влатко Лозановски, Ламбе Алабаковски, Дарко Илиевски, Дани Димитровска, Нино Величковски и Тамбураши, Сузана Спасовска, Благица Павловска, Наум Петревски, Зуица Лазова, Миле Кузмановски, Благојче Стојановски –Туше, Уска Кан и многу други.

Ресен нуди целодневна забава за сите возрасти и сите вкусови! Кој ќе пропушти – ќе се кае!

На Крстовден – кај и да си, во Ресен да си!



Врати се горе ↑